вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 23
home Општини

Дел од гевгелиско без вода поради дефект на главниот цевковод

Дел од гевгелиско без вода поради дефект на главниот цевковод

Дел од гевгелиско е без водоснабдување поради дефект на главниот цевковод со пречник од 200 милиметри, во реонот на поранешната конзервна фабрика „Зора“.

Водоснабдувањето е во прекин кај корисниците од хотелот „Нар“, селото Мрзенци, индустриската зона „Блокотехна“ и Негорските минерални бањи, потврдија од Јавното комунално претпријатие во Гевгелија.

Екипите за отстранување на лоцираниот дефект на терен излегле по 10 часот откако се создале минимум временски услови за работа и се уште се на терен до конечно санирање на штетата од дефектот.

Комуналците интензивно работат на отстранување на дефектот и велат дека до завршување на работното време, штетите ќе бидат санирани и дека наведените места ќе добијат нормално водоснабдување од регионалниот водоводен систем.

Коронавирус