вторник, 25. јуни 2019. Вести денес: 77
home Општини

Дефиле со велосипеди во Кавадарци

Дефиле со велосипеди во Кавадарци

Дефиле со велосипеди се реализираше денеска во Кавадарци, во организација на Сојузот на училишни спортови. Во дефилето учествуваа околу  800 ученици од основните и средните училишта.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев,  кој и самиот возеше велосипед, се заблагодари за масовното учество и апелираше и понатаму да се возат велосипеди. Рече дека ќе настојува  во иднина, градот да има што е можно повеќе велосипедски патеки.

Пред присутните се обрати и Милан Колев, претседател на Сојузот на училишни спортови. Тој, меѓу другото, се заблагодари за поддршката што ја имаат од локалната самоуправа.

Ѓорѓи Лазов, претседател на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, повика почесто да се користи велосипед, со цел да се придонесе кон подобар и здрав живот и поубав и почист град.

-Давате убав пример и огромен придонес за подигнување на свеста за потребата од масовно користење на велосипедот. Допринесувате за подобрување на животната средина и решавање на проблемот на паркирањето на возилата во централното градско подрачје, како и подобрување на безбедноста во сообраќајот во градот, нагласи Лазов.

За учесниците во дефилето кои тргнаа од спортската сала  „Јасмин“ и возеа до црквата „Света  Петка“, па до градскиот плоштад, беше организирана лотарија, а главната награда беше велосипед.