четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Општини

Дебар додели 300.000 денари за настраданите во Албанија

Дебар додели 300.000 денари за настраданите во Албанија

Во знак на солидаризирање и поддршка со настраданите во катастрофалниот земјотрес во Драч и регионот во Албанија, Советот на Општина Дебар денеска одлучи да додели финансиска помош во висина од 300 илјади денари.

Висината е определена според можностите на локалната самоуправа.

Советот воедно одлучи воедно денеска да биде ден на жалост во општина Дебар за загинатите во катастрофалниот земјотрес во Албанија.

Градоначалникот Хекуран Дука најави и можност во Драч да се испрати екипа на територијалната противпожарна единица од Дебар за што веќе е доставено барање и се очекува повикување од страна на албанските надлежни власти.

На седницата советниците се информирани и за активностите на граѓанските здруженија за собирање помош за настраданите во Албанија.