вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 150
home Општини

Давидовиќ: Градоначалникот Димитриевски на перфиден начин има намера да ги изманипулира кумановци

Давидовиќ: Градоначалникот Димитриевски на перфиден начин има намера да ги изманипулира кумановци

Градоначалникот Максим Димитриевски, на еден перфиден начин, има намера да ги изманипулира кумановци, презентирајќи нови паркинг места на простор кој всушност е спортски комплекс и каде огромен број на наши сограѓани го минувале своето детство играјќи баскет и мал фудбал, истакна на прес-конференција на Милан Давидовиќ, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.

-За да се наплаќаат пари за паркирање од граѓаните на град Куманово, не е доволно само да се купи еден литар бела боја и да се нацртаат паркинг места на улици или пак, како во случајов, да се уништи спортски комплекс. Треба да се има искрен пристап кон нив и да се реализираат ветувањата, односно сериозно да се инвестира во вистински катни гаражи, особено во централното градско подрачје, вели тој и додава:

„Крајно време е СДСМ и градоначалникот Максим Димитриевски да престанат да го уништуваат Куманово и со нивната неинвентивност и неспособност систематски последниве 30 години да го кочат развитокот на градот. Наместо да ги цртат овие паркинг места, апелирме да ги вратат игралишата за мал фудбал и баскет, кои постоеа на овој простор“.

Коронавирус