сабота, 31. јули 2021. Вести денес: 84
home Општини

Да не се отпишат долгови од фирми закупувачи на општински простор, одлучи Советот на Кавадарци

Да не се отпишат долгови од фирми закупувачи на општински простор, одлучи Советот на Кавадарци

Да не се отпишат долгови од фирми закупувачи на општински простор, туку да се тужат за наплата, ваков заклучок донесе Советот на општина Кавадарци, на денешната собраниска седница, на која советниците расправаа за отпис на застарени побарувања на долгови.

Предлогот да не се отпишат овие долгови беше на советникот Лазар Туриманџов, кој доаѓа од коалицијата на СДСМ и коалицијата.

– Се работи за закупувачи кои со договорот биле обврзани да пријават кога ќе ги напуштат просториите и да извршат примопредавање. Тие не го сториле тоа, а службите и понатаму им засметувале кирија, појасни Цанка Јованова, раководител на Секторот за финансии при општината.

Туриманџов рече дека некој го дозволил тој пропуст во времето на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ. Иако, како што рече, некои од закупувачите ги користеле просториите и по неколку години, па дури и ги рентале.

Коронавирус