среда, 23. септември 2020. Вести денес: 132
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправдите, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев

home Општини

Цветко Митрески го фати светиот крст во реката Црн Дрим во Струга

Цветко Митрески го фати светиот крст во реката Црн Дрим во Струга

Деветнаесетгодишниот Цветко Митрески го извади светиот крст од водите на реката Црн Дрим во Струга.

Стружанецот, кој десетти пат скокал по светиот крст, три пати го фаќал во Дебар, а прв пат во родната Струга

-За мене ова е најубавиот ден во цела година. Да им помогне на сите кои се капат и сите да го фатат крстот. Десет години по ред скокам, од кои седум пати во Струга, а трипати во Дебар и го фаќав крстот. Ова ми е прв пат да го фатам крстот во Струга во мојот роден град, изјави Митрески.

Тој беше најсреќен меѓу стотината верници кои влегоа во ладните речни води обидувајќи се да стигнат до светиот крст, што го фрли митрополитот Дебарско-кичевски, г Тимотеј.

Коронавирус