недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 2
home Општини

Четири пациенти ја загубија битката со вирусот во штипската модуларна болница

Четири пациенти ја загубија битката со вирусот во штипската модуларна болница

Во штипската модуларна болница во рок од 24 часа починаа четворица пациенти, станува збор за пациенти на возраст од 66 до 89 години од Штип, Кочани и селата Лески и Подареш.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека пациентите кои се лекуваат во модуларната болница се со тешка клиничка слика, со воспаленија на двете белодробни крила и со други наоди и болести.

Во моментов во болницата од 38 пациенти, само четворица не се на кислородна поддршка. Во кожното одделение се лекуваат осуммина и тоа се пациенти, кои се стабилизирани и за неколку дена се очекува да заминат дома.

Коронавирус