вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 65
home Општини

Буџетот на Општина Кавадарци за 2019 година изнесува околу 16 милиони евра

Буџетот на Општина Кавадарци за 2019 година изнесува околу 16 милиони евра

На денешната седница на Советот на Општина Кавадарци беше едногласно усвоен Буџетот за наредната година-најважниот документ за Општината.Најавени се многу инвестиции од кои некои капитални.

Двете советнички групи кои го сочинуваат и доминираат  во Советот на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се изјаснија позитивно а загласаа и другите советници, според што, беше изгласан Буџетот-на општина Кавадарци по кој градоначалникот Митко Јанчев, и целата администрација , и сите служби и Советот ке работат наредната година а граѓаните ќе можат да ги користат благодетите на подобрениот градски- урбан живот.

В година Буџетот ке тежи околу 16 милиони евра а образложение за прибирањето и трошењето на средстватата поднесе раководителот на Секторот финасии во Локалната самоуправа а Кавадарци Цанка Јованова .За инвестирањето,изградабата зи развојот на Општината зборуваше градоначалникот Митко Јанчев.Истовремено неколку советници ја  дополнија Програмата за инвестирање и изградба  со свои амандмани и предлози од име на граѓаните за кои градиначаникот  и Сиветот главно  позитивно се изјаснија со прифаќање.

За в година  Јанчев најави:Изградба на нов Градски пазар,Паркиралиште (кај Анот),нов кружен тек кај ВВ Тиквеш,Спа центар,Градски базен,  доизградба на  1км. нов кеј во Ваташа,завршување на „Западен булевар„,Реконструкција на ДТВ Партизан,оградување  и уредување на СЦ „Јасмин“,Нова П.Пожарна зграда со придружни елементи,доизградба на нови 5 заминални за детските градинки, почеток на градба на Нова детска градинка,неколку нови сообраќајни решенија  за подобрување на безбедноста во сообраќајот,реконструкција  и асфалтирање на  важни булвари и улици во градот од витално значење.Планирано е  вложување на средства во водоводни и канализациони мрежи во градот и импелементирање на 2,5 милиони евра добиени за ЈП Комуналец од КФВ Банката,реконструкција на улица „Тиквешко Востание„,изградба и реконструкција на нова улична  расветна мрежа,реконструкција на пат Мушов Гроб-Мрежичко-Мајдан и Кавадарци-Росоман,вложувања и развој на спортот за подобрување на услови за спортување во Кавадарци, Бегниште, Сопот, Марена и други средини,вложувања во здравството, промена на покриви на неколку училишта, изградба на две училишни згради во ООУ„Страшо Пинџур„ и „Д.А. габерит“ -Ваташа и други вложувања и старт на инвестиции кои ке продолжат и во 2020 година.