петок, 22. февруари 2019. Вести денес: 140
home Општини

Брутална партизација на в.д. градоначалникот Георгиески и директорот на Проаква

Брутална партизација на в.д. градоначалникот Георгиески и директорот на Проаква

На само неколку часови од моментот кога собранискиот спикер Џафери треба да ги распише претседателските избори и изборите за градоначалник во Охрид, в.д. градоначалникот Константин Георгиески и директорот на Проаква, Владимир Алексијевски спроведуваат брутална партизација во јавните претпријатиа, пишува порталот ohrid24.mk

Од извори во општина Охрид дознаваме дека примени се нови над 25 вработени во Проаква Охрид и Колектор Струга.

Овие вработувања, ги чини сите граѓани на Охрид, повисоки сметки за вода, кои токму ги изгласаа СДСМ и Георгиески, коментираат охриѓани.