четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 0
home Општини

Бројот на првачиња во Куманово намалени за една третина од вкупниот број

Бројот на првачиња во Куманово намалени за една третина од вкупниот број

Оваа учебна 2019-2020 година во Куманово бројот на првачиња се намалил за една третина. Од вкупниот број на првачиња кои требаа да се запишат во основните училишта во Куманово наместо 1.570, се запишаа околу 1.073.

Бројката станува се позагрижувачка и во средните училишта во овој град. Во средните училишта запишани се 222 ученици помалку од минатата година. Наместо предвидени 2.500 ученици кои беа и евидентирани на конкурсот, регистрирани се само 1.161 ученици.

Катастрофалното намалување на бројот на ученици во оваа општина е поради преселување во странство. Во Куманово според податоците има вкупно 15.614 ученици во 22 училишта. Од кои 10.364 во основните, а во средните има 5.250 ученици.

Оваа бројка говори дека Република Македонија се повеќе се празни, помладите брачни парови си одат надвор од државата по потрага за подобри услови за живот, а во земјава останува се повеќе старо население.

Коронавирус