понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 96
home Општини

Бројката на починати расте од ден на ден- и денеска Велес бележи починати пациенти од коронавирусот

Бројката на починати расте од ден на ден- и денеска Велес бележи починати пациенти од коронавирусот

Две лица, 88-годишен маж и 71-годишна жена починаа денеска од последици од коронавирус во велешката Општа болница.

Како што информира портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, поради компликации од коронавирусот починала и пациентка од Велес на 62-годишна вораст која се лекувала во Клиниката „Жан Митрев“ во Скопје од 9 ноември.

Во велешката болница хоспитализирани се вкупно 74 пациенти, од кои 64 потврдени позитивни, 4 сомнителни и 6 негативни. Дваесет и осум пациенти се на кислородна поддршка. На Инфективно одделение има 48 пациенти, на Физикална 18 и на Интерно 8 пациенти.

Коронавирус