недела, 15. септември 2019. Вести денес: 76
home Општини

Браво девојче: Студентка од Тетово е хероина, погледнете какво дело направи

Браво девојче: Студентка од Тетово е хероина, погледнете какво дело направи

Херој без наметка деновиве е Рита Бехадини, студентка и активистка од Тетово, која самоиницијативно започна хуманитарна акција за собирање на училишни материјали и прибор за учениците на кои им се потребни.

Рита е презадоволна од одѕивот на локалните жители и вели дека веќе имаат собрано огромен број на прибор и материјали, кои ќе ги задоволат потребите на најголемиот дел од учениците.

Од друга страна, таа е свесна дека помошта доаѓа со мало задоцнување, па ги повикува институциите и невладините догодина да организираат повеќе вакви акции, затоа што досега, во оваа, ги нема.

„Идејата е моја и сама ја започнав и реализирам. Секако дека ваква помош е потребна низ целата држава, не само во овој град, но за тоа ми е потребна помош“, вели студентката, додавајќи дека ниту едно дете не смее да се почувствува лошо и дискриминирано уште од најмала возраст, особено не поради банални работи кои може лесно да бидат подобрени.

Извор: РАДИОМОФ