недела, 9. август 2020. Вести денес: 87
home Општини

Браќа нападнале полицаец на гласачко место во Велешта

Браќа нападнале полицаец на гласачко место во Велешта

Во 14:05 часот во ПС ОН Струга од страна на полициски службеник пријавено е кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

По кажување на пријавителот делото е извршено  во 10:50 часот во с.Велешта, при вршење службени дејствија обезбедување во ОУ “Зини Хани“ му пристапил В. Ќ. (31) од село Велешта, најпрво започнал на висок тон да се заканува, а потоа заедно со неговиот брат А.Ќ. продолжиле со закани, притоа В.Ќ ги извадил очилата за сонце со кои фрлил кон полицискиот службеник во пределот на главата над десното око.

Од стрaна на присутни полициски службеници во дворот на училиштето, лицата биле спречени во понатамошните намери  и отстранети од дворот на училиштето.

Од страна на НККР Струга В.Ќ. ќе биде повикан за обавување  разговор, а по утврдување на околностите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коронавирус