понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 71
home Општини

Божиновски: Правиот пат на СДСМ и градоначалникот Георгиески значи негрижа за пазарџиите во Охрид

Божиновски: Правиот пат на СДСМ и градоначалникот Георгиески значи негрижа за пазарџиите во Охрид

Правиот пат на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески значи негрижа за пазарџиите. СДСМ се безидејни и без срам најпрво беа само промотори на затворениот зелен пазар, а сега раководството на ЈП „Градски пазар“ не може ни да го стави во функција, обвинува Перчо Божиновски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

-Дали градоначалникот Георгиески не чувствува ни малку жал затоа што пазарџиите мрзнат на минусни температури? Наместо да му биде приоритет нивното сместување во пазарот, нему приоритет му беше да се прошета со поранешниот премиер Зоран Заев. Покрај Заев без ни малку срам се прошета и со пратеничката Жаклина Лазаревска која впрочем како советник гласаше против и изградба на затворениот зелен пазар кој тогаш беше економска штета за градот. Зарем може да се очекува од луѓе кои претходно гласале против одлуката и ја напуштиле седницата на Совет за изградба на затворениот зален пазар сега да го стават во функција? Китењето со туѓи перја е одлика на лицемерните, неспособните и неработниците, истакна тој.

Божиновски порачува дека охриѓани не го заслужуваат ваквиот прав пат, Охрид и охриѓани заслужуваат повеќе.

Коронавирус