вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Општини

Божиновски: Охридскиот градоначалник го затскрива полнењето на администрацијата со партиски кадри

Божиновски: Охридскиот градоначалник  го затскрива полнењето на администрацијата со партиски кадри

Градоначалникот Јован Стојаноски го затскрива полнењето на администрацијата со партиски подобни кадри, велат од Општинскиот комитете на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.

-Општина Охрид распишала оглас за доделување на договор за јавна набавка на услуги за привремени вработувања за потребите на Општината. Според објавата на електронскиот систем на Бирото за јавни набавки се работи за договор со проценета вредност од 7.564.005 денари без ДДВ во период од една година. Класичен пример за недомаќинско работење. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше и уште еднаш потенцираме дека декларираната заложба за транспарентност, отчетност и заслуги во јавната администрација е загрозена од ад-хок мерките кои овозможуваат вработување во јавна служба како социјална мерка, или масовното претворање на привремените вработувања во постојани вработувања, вели Перчо Божиновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека министерот Дамјан Манчевски со невидена дрскост јавно признал дека СДСМ спроведува политички реваншизам со тоа што ги прекинал сите договори за привремено вработување кои ги затекнал, за сега да склучува нови.

-Додека се уште ја чекаме точната бројка колку вкупно вработени има државната и јавната администрација, во последните неколку месеци на сите страни излегуваат огласи за привремени вработувања. Градоначалникот веднаш да одговори дали привремените вработувања се канал за партиски вработувања?
За жал, исто така најизразено беше во образовните институции каде без работа и без посебно образложение беше прекинуван договорот на луѓе кои работеа со години во училиштата и градинките, па мораше да реагира и Синдикатот. Беа отпуштени самохрани мајки и луѓе за кои тоа работно место им е единствениот приход, с`е со цел да се вработат партиски кадри без ден работно искуство, без оглас и посебни критериуми за работа. Дали на овој начин се вработуваат партиски кадри на СДСМ? Вака практично се затскрива полнењето на администрацијата со партиските подобни кадри, вели Божиновски.

ВМРО-ДПМНЕ апелира да престане прогонот и реваншизмот врз вработените во јавната и државната администрација. Сметката во име на СДСМ на крај ја плаќаат граѓаните.