четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 133
home Општини

Божиновски: Димитриески даде тендер од 10,4 милиони денари, пари на кумановчани, за нечисти коловози и заледени улици

Божиновски: Димитриески даде тендер од 10,4 милиони денари, пари на кумановчани, за нечисти коловози и заледени улици

Најпрво благодарност за вашата пожртвуваност во овие услови, да си го ризикувате здравјето по овие наши кумановски улици да си ја извршувате ревносно вашата задача и да работите додека другите спијат, а спијат Максим Димитриевски и СДСМ, истакна ан денешната прес-конференција Игор Божиновски од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

Во продолжение интегрален рекст и видео од прес-конференцијата на Божиновски:

И повторно нив ги изненади снегот! Секоја година иста приказна, овој пат во февруари.

Колку и да е излитена оваа фраза, секогаш е вистината кога е во прашање работењето на СДСМ и Максим Димитриевски во Куманово.

Куманово вчера и денеска личи на едно големо лизгалиште.

Сите булевари и улици низ градот се подледени, возилата и пешаците едвај се движат низ неисчистените улици и тротоари, а граѓаните по социјалните мрежи постојано јавуваат и за неколку сообраќајни незгоди поради неисчистените улици.

Ги изненади снегот иако пред повеќе од недела дена, беше најавен овој студен снежен бран од Северна Европа.
Заглавени возила по коловозите, непристапни пешачки патеки, а механизацијата со која толку се фалеше градоначалникот Максим Димитриевски никаде ја нема!

Само да потсетиме дека Куманово за зимско одржување на улиците и патиштата потроши неверојатни 10,4 милиони денари пари на граѓаните, повторувам неверојатни 10,4 милиони денари пари на граѓаните!

Фирмата ,,КООП Инжинеринг” од Куманово, која важи за блиска фирма на СДСМ, доби тендер за зимско одржување на улиците во вредност од 10 милиони и 400 000 денари.

Тендерот го доделија, парите на граѓаните ги потрошија, а снегот и ледот како што гледате по улиците остана неисчистен.

Го прашуваме градоначалникот и локалната самоуправа, кога планираат да се исчистат главните сообраќајници и улици низ градот?

Каде е дежурната екипа на „КООП Инженеринг“ која го има добиено тендерот за да чисти деноноќно низ градот?

Каде е механизацијата и зошто не е фрлена индустриска сол и ризла низ улиците?

Дали фирмата која го има добиено тендерот за зимско одржување на улиците нема набавено доволно количини на ризла и индустриска сол и покрај тоа што во тендерот е пропишано да имат задолжителна залиха од 60 тони од истите материјали?

Дали планира Димитриески и фирмата „КООП Инженеринг“ да понесат одговорност за ова катастрофалното управување со зимските услови во градот?

Почитувани,

Народот ќе има шанса како никогаш досега на наредните локални избори да донесе одлука, да гласа во своја корист и да го испрати во пензија и Максим Димитриески и СДСМ и овде во Куманово и насекаде низ Македонија.

ЕУРО 2020

Македонија