петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Општини

Божинов: Граѓаните ќе ја потврдат победата од првиот круг, излезете масовно и изберете промени, да создадеме нова иднина за Ново Село

Божинов: Граѓаните ќе ја потврдат победата од првиот круг, излезете масовно и изберете промени, да создадеме нова иднина за Ново Село

Преостануваат уште два дена од кампањата од вториот круг. Граѓаните да ја потврдат победата од првиот круг, и заедно да создадеме нова иднина, со реални промени и проекти кои ќе го подобрат живеењето на граѓаните на Ново Село, и ги повикувам граѓаните да знаат дека зад параванот се сами и да не подлегнуваат на притисоци и уцени кои ги користат власта, ова денеска преку изјава за медиумите го истакнува кандидатот за градоначалник од редовите од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Божинов.

-Знам дека знаете дека ни претстои нова иднина, нови проекти и подобро општество кое заедно ќе го креираме, како на ниво на Македонија така и на ниво на Општина Ново Село, заокружете број 7 за Ѓорѓе Божинов за подобра Општина Ново Село, вели Божинов.

Коронавирус