вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 129
home Општини

Борче Јовчески ја презеде функцијата градоначалник на општина Прилеп

Борче Јовчески ја презеде функцијата градоначалник на општина Прилеп

Во општина Прилеп денес официјално беше извршено примопредавање на функцијата градоначалник меѓу новоизбраниот градоначалник Борче Јовчески и досегашниот Илија Јованоски.

Од страна на општинската изборна комисија на новоизбраниот градоначалник Јовчески му беше доделено уверението како и на сите 27 советници во Советот на Општина Прилеп.

По превземањето на функцијата новоименуваниот градоначалник Јовчески се заблагодари за укажаната доверба и истакна дека ќе биде градоначалник на сите граѓани на Општина Прилеп.

Јованоски му го честиташе четиригодишниот мандат на Јовчески и му посака успеси во работењето и реализација на проекти во интерес на граѓаните.

Новоименуваниот градоначалник Јовчески веднаш по примопредавањето на функцијата ги посети сите сектори во Општина Прилеп и се поздрави со сите вработени при што истакна дека очекува успешна соработка. Како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Јовчески уште во првиот круг на седмите локални избори што се одржаа на 17 Октомври 2021 година ја обезбеди довербата на граѓаните да ја води општина Прилеп во наредните четири години.

За утре е закажана конститутивната седница на Советот на Општина Прилеп на која што ќе бидат верифицирани 27-те мандати на членовите на советот а исто така ќе биде избран и новиот претседател на советот.

Коронавирус