петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 64
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Општини

Благојче Велјаноски го извади крстот од Вардар во Гостивар

Благојче Велјаноски го извади крстот од Вардар во Гостивар

Дваeст и тригодишниот Благојче Велјаноски беше најсреќниот од 30-тината гостиварци кои скокнаа во водите на Вардар по светиот крст на прославата на големиот христијански празник Богојавление во Гостивар.

На Велјаноски кој оваа година чека вработување ова му беше шест обид, организациониот одбор му подари икона.

Прославата на празникот започна утрово со света литургија во соборниот храм „Пресвета Богородица”. Голем број верници беа дел од литијата што по литургијата тргна од црквата, па преку централното градско подрачје се движеше до малиот мост од каде митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф го положи крстот во реката.

Годинава, Богојавление во Гостивар се слави со положување на крстот во реката Вардар по шести пат, откако имаше речиси седум децении пазуа.

Коронавирус