понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 0
home Општини

Битолската библиотека „Св.Климент Охридски“ го одбележува Светскиот ден на гласно читање

Битолската библиотека „Св.Климент Охридски“ го одбележува Светскиот ден на гласно читање

Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ денеска во Битола го одбележува 3 февруари – Светскиот ден на читање на глас.

Кампањата „Да читаме на глас“ се организира по повод Европската година на гласно читање, прогласена од Европската организација за унапредување на читањето EU READ, со што се нагласува важноста на гласното читање во развојот на навиките и вештините за читање кај децата.

–Методот на гласно читање е клучен за развојот на навиките за читање, за подоцнежниот успех во училиштето и воопшто, за успехот во стекнувањето знаења и вештини. Кампањата во Битола почнува денес, а ќе се реализира во текот на целата година, со учество на децата од детските градинки, од училишта, учество на јавни личности и секако родителите и наставниците кои на децата ќе им читаат на глас, нагласуваат од оваа национална установа.

Според вработените во битолската Библиотека, читањето на глас ги става книгите во центарот на вниманието и ги претставува како извор на пријатно, вредно и возбудливо искуство. Децата, кои ја учат вредноста на книгите од рана возраст, најчесто стануваат креативни и независни читатели.

–Читањето на глас им помага на децата да го поврзат она што го гледаат, слушаат и читаат. Читањето на глас од возрасните го проширува вокабуларот на децата и ги проширува нивните општи знаења. Читањето на глас кај децата открива литература што можеби никогаш нема да ја откријат сами, како што се поезија, раскази, бајки… читањето на глас им овозможува на децата да се запознаат со литературен јазик кој е значително различен од секојдневниот говор или јазик што се слуша од радио или телевизија, се чита од весници или се слуша на филмови. На овој начин, децата подобро ги разбираат сложените структури на речениците, појаснуваат од битолската Библиотека, најавувајќи го првиот ден од кампањата „Да читаме на глас“.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија