петок, 19. јули 2019. Вести денес: 133
home Општини

Битолчани возеле брзо, биле пијани и немале возачка и регистрација, колкумина се казнети?

Битолчани возеле брзо, биле пијани и немале возачка и регистрација, колкумина се казнети?

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола викендот извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, сигурносен појас и светло.

Притоа, исконтролирани се вкупно 1262 возила и возачи и било констатирано дека 77 возачи ја надминале дозволената брзина, 37 возачи управувале возило без возачка дозвола, нерегистрирани биле 21 возило, а присуство на алкохол е откриено кај шест возачи и тие биле исклучени од сообраќај.