среда, 2. декември 2020. Вести денес: 0
home Општини

Битолчанец ќе плати 2000 евра казна, не ја почитувал забраната за движење

Битолчанец ќе плати 2000 евра казна, не ја почитувал забраната за движење

Обвинетиот на 5 април, вo 19:50 часот, во Битола, за време на пандемија прогласена од страна на Генералниот секретар на Светската здравствена организација поради опасна заразна болест COVID-19 поради што и е утврдено постоење на вонредна состојба на територијата на Република Македонија сметано од 18.03.2020 година, не постапил според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање или спречување.

Oдносно, тој не ја почитувал Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Македонија донесена од Владата на Република Македонија па и покрај мерките со кои се забранува движење на населението на територијата на Република Македонија во деновите сабота и недела во временскиот период од 16:00 часот до 5:00 часот наредниот ден, се движел по улицата „9-та“ каде бил затекнат од страна на полициски службеници од СВР – Битола.

За стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, битолското обвинителство на судот му предложи на обвинетиот на му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​​

Коронавирус