понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 62
home Општини

Билјанини извори без вода, портите кај Струга ширум отворени, на езерото „му се бројат коските“ (ФОТО)

Билјанини извори без вода, портите кај Струга ширум отворени, на езерото „му се бројат коските“ (ФОТО)

Локалитетот „Билјанини извори“ охриѓани често го нарекуваат и душата на градот. Бројни посетители, домашни и странски се определуваат токму за посета на изворите, а локалитетот е една од најголемите препознатливости на древниот град под Самуиловата тврдина. Ова место го користат за да пешачат и да се релаксираат, како и да избегаат од гужвата која владее во центарот на градот. Чистата вода со која се „храни“ Охридското Езеро, главно доаѓа од карстните терени на околните планини. Најголем дел од водата доаѓа од повисокото – Преспанско Езеро и преку подземни пукнатини низ планината Галичица, избива на повеќе места во вид на силни извори – врутоци покрај источниот брег, пренесува порталот ОхридПрес.

Во меѓувреме, скоро сите порти на истекот во Струга деновиве се отворени, а Охридското Езеро, на кое по кејот „му се бројат коските“ е на кота од само +3 см над дозволениот минимум.

Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) од 29-ти октомври, нивото на езерото е на кота од 693,13 м.н.в., односно на 15 сантиметри под просекот за октомври (693,28 м.н.в) и само три сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10 м.н.в).

Температурата на езерската вода денес е 13,5 степени, што е за 3,3 степени под октомврискиот просек.

Извор: ОхридПрес/УХМР фото: ОхридПрес

Коронавирус