петок, 3. декември 2021. Вести денес: 156
home Општини

БЕЗИДЕЈНОСТА НА ДЕЛО: Кандидатот за градоначалник на СДСМ ветува изградба на парк во Свети Николе со фотографии од парк во Холандија (ФОТО)

БЕЗИДЕЈНОСТА НА ДЕЛО: Кандидатот за градоначалник на СДСМ ветува изградба на парк во Свети Николе со фотографии од парк во Холандија (ФОТО)

Безидејноста и немањето никаква инспирација на СДСМ продолжува и на овие избори. Имено, СДСМ и на овие избори продолжува да кради слики и проекти.

Во случајов станува збор за кандидатот за градоначалник на општина Свети Николе Сашо Велковски, кој што на својата Фејсбук страница ветува изградба на нов модерен парк, со приложена фотографија, односно украдена фотографија од парк кој што се наоѓа во кралството Холандија.

Во продолжение можете да ја погледнете објавата на кандидатот за градоначалник на општина Светиниколе од СДСМ Сашо Велковски и неговото ветување со украдена фотографија од парк кој што се наоѓа во Холандија, како и оргиналната објава во холандскиот hollandsentinel.com во кој е објавена сторијата за модерниот парк од месец март оваа година и дека наскоро истиот треба да биде пуштен во употреба.

Ова не е првпат СДСМ во кампања да копира туѓи проекти и фотографии, а се со цел да се манипулираат граѓаните.

Во продолжение можете да погледнете и некои други објави во кои СДСМ си „позајмила“ туѓи фотографии:

Плагијатори: Владата на СДСМ ја „позајмила“ фразата НОВА НОРМАЛНОСТ од менторот Сорос

Се огласи фотографот чија слика СДСМ ја користи во кампања: Човекот умира од смеење на потегот на македонската Влада

Коронавирус