вторник, 17. јули 2018. Вести денес: 106
home Општини

Авионско прскање против комарци во Виница на 1.200 хектари

Авионско прскање против комарци во Виница на 1.200 хектари

Авионското прскање против комарци годинава во општина Виница ќе се реализира на вкупна површина од 1.200 хектари, што е за 20 отсто повеќе од лани.

Се планира акцијата за дезинсекција да се спроведе во три дела, при што првиот третман ќе биде кон крајот на овој месец, вториот во јуни, а третиот во август.

– Освен во населените места, со авионското прскање ќе биде опфатено и земјоделско земјиште, првенствено ниви засеани со ориз. Предвидено е за целата кампања од општинскиот буџет да се потрошат околу 600 илјади денари, што е на исто ниво како и минатата година. По завршувањето на тендерската постапка, деновиве ќе го избереме операторот со кого ќе склучиме договор и веднаш ќе ја  реализираме дезинсекцијата, истакна Ивица Димитров, градоначалник на општина Виница.

За авионското прскање, како и во изминатите години, ќе се користи широкопојасен инсектицид за третирање комарци, чиј хемиски состав нема штетно влијание врз луѓето и топлокрвните животински водови. Препаратот е одобрен од Бирото за лекови на Република Македонија.