вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 177
home Општини

АУДИО БОМБА: Кандидатот за градоначалник на СДСМ во Ново Село уценувал самохрана мајка дека ќе ѝ го одземе детето

АУДИО БОМБА: Кандидатот за градоначалник на СДСМ во Ново Село уценувал самохрана мајка дека ќе ѝ го одземе детето

Во општина Ново Село, кандидатот за градоначалник на СДСМ, Звонко Ангелов, брутално ја злоупотребил својата службена должност како вработен во центарот за социјални работи во Струмица.

Според нашите информации, тој вршел притисок и се заканувал на самохрана мајка дека ќе и’ го одземе детето. Жестокиот притисок и уцените се одвивале во текот на неколку недели, а причините за тоа најверојатно се одбивањето на жртвата да ги користи каналите за правна помош кои и’ ги посочил Ангелов.

Во разговор со жртвата, таа го објаснува целиот случај.

„Најпрво ми пристапи со понуда дека е поврзан со адвокати кои ќе ја завршат работата без проблем. Јас тоа го одбив бидејќи веќе имав ангажирано адвокат да го води случајот“.

После речиси еден месец од оваа средба почнале интензивните контакти и притисоци врз жртвата:

„Почна интензивно да ме бара на местото каде што работев и да ми повторува дека случајот е дефинитивно кај него и дека ќе биде многу тешко детето да ми биде доделено мене. Ми рече да не се тешам со тоа дека се познаваме“.

Кога требало да се направи увид во просторните услови вели дека живеела под постојан стрес, знаејќи дека Ангелов планира да дојде во момент кога таа не е дома за нејзиното неприсуство да биде заведено во извештајот:

„Кога веќе требаше да дојде на увид дали ги исполнувам просторните услови за добивање на старателството, јас во тој момент одев како на обука за работа, и тој знаеше точно во колку часот ми почнува обуката бидејќи често доаѓаше таму. Плански, дојде точно во моментот кога требаше да излезам од дома за да потврди дека не сум дома со детето“ – вели мајката“.

Во моментот кога траел увидот на мајката и станало јасно дека Ангелов напишаното во изјавата било тенденциозно и со намера да и се одземе старателството, а истото не соодветствувало на реалната состојба:

„Дојде во мојот дом, направи изјава а кога ја прочитав таму стоеја информации кои не беа реални бидејќи просторот и условите не беа наведени комплетно, а јас знаев дека тоа е еден од најважните фактори за да го добијам старателството“.

Бидејќи жртвата доаѓала и си одела вознемирена и во солзи на работа, за малтретирањето од страна на Ангелов почнале да реагираат и граѓаните кои биле запознаени на случајот преку неговото постојано присуство.

„Луѓето гледаа што прави и во еден момент и тие самите реагираа на неговите постапки и ми понудија поддршка за да се одбранам. Кога виде дека не сум сама, почна да ми пишува пораки во кои инсистираше да не го пријавувам и објавувам тоа што ме малтретираше. Објаснувањето беше дека нешто погрешно сум сфатила. Само јас знам колку стрес претрпев за тие 3-4 недели додека траеше сето тоа, со константно најадење и неспиење“, завршува мајката.

Ова насилно однесување на кандидатот за градоначалник на општина Ново Село не е новост. Постојат и податоци за други слични ситуации во минатото, а на јавноста и е позната и дрскоста со која претходниот градоначалник и бегаше на полицијата кога беше фатен во шверц на цигари на границата со Бугарија.

Аудиото од кандидатот за градоначалник за Ново Село од редовите на СДСМ можете да го слушнете ТУКА

Коронавирус