понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 59
home Општини

Атанасовски: Започнаа градежните активности за партерно и хортикултурно уредување на паркот во Македонска Каменица

Атанасовски: Започнаа градежните активности за партерно и хортикултурно уредување на паркот во Македонска Каменица

Започнаа градежните активности за партерно и хортикултурно уредување на паркот лоциран во триаголникот помеѓу улиците “Александар Македонски”, “Гоце Делчев” и “Руенска”, објави градоначалникот на општина Македонска Каменица Димчо Атанасовски.

-Свој мал придонес во реализацијата на овој проект што ќе го разубави овој мал простор во централно градско подрачје дадоа и Спортско Планинарско Алпинистичкото друштво “Царев Врв -Руен” и Ловното Друштво “М.Каменица-Саса”. Тие обезбедија специјални рефлектори кои ќе му дадат посебен изглед на ова место во ноќните часови, пишува во својата објава на Фејсбук Атанасовски.

Градоначалникот Димчо Атанасовски во знак на благодарност најави поинтензивна соработка со невладиниот сектор кој значително придонесува во промоција на Општината.

Коронавирус