недела, 2. април 2023. Вести денес: 18
home Општини

Асфалтирана една од најголемите улици во Кавадарци

Асфалтирана една од најголемите улици во Кавадарци

Општина Кавадараци преку ангажираната оператива денеска изврши асфалтирање на дел од улицата „7ми Септември“, на потегот од раскрсницата со улиците „Цано Поп-Ристов и „Браќа Џунови“, до раскрсницата кај салата „Партизан“, со што се влезе во завршна фаза од реконструкцијата на оваа значајна сообраќајница.

Претходно на овој дел од улицата се спроведе: реконструкција на тротоарот со отстранување на оштетени плочи, се подготви подлогата, потоа се ископа ров за нова подземна инсталација за јавното улично осветлување и за операторот „Телеком“, а се санираа и испакнатите корени на дрворедот.

Според проектот општината изврши поплочување на тротоарот со павер елементи на површина од 900м2, а на делот до коловозот постојниот тротоар се пренамени во асфалтиран паркинг со нивото на улицата со корисна површина од 1.000 квадратни метри.

Со овој зафат општината ревитализираше коловоз и тротоар на централната улица во градот која води од центарот кон градскиот парк и стадионот.
Општината на овој потег изгради и два кружни текови, а со уредувањето создаде побезбедни услови за пешаците и за одвивање на сообраќајот.