петок, 13. декември 2019. Вести денес: 131
home Општини

Арианит Џафери од Екогерила: Вакви закани како граѓанско здружение не сме имале ниту во време на Мијалков и Груевски

Арианит Џафери од Екогерила: Вакви закани како граѓанско здружение не сме имале ниту во време на Мијалков и Груевски

За нас најзагриживачки е тоа што вакви закани како граѓанско здружение сме немале ниту во време на Груевски и Мијалков, рече синоќа во дебатниот жагазин Click Plus на ТВ21, активистот на граѓанското здружение “Еко герила“, Аријанит Џафери.

Тој се пожали и од правосудниот систем во државава, за кој вели дека таканаречените ослободители на правосудниот систем од актуелнава Влада, истражните органи сеуште немаат постапено за предмет кој тие од поодамна го пријавиле.

– За нас најзагижувачки е дека, ниту во времето на режимот на Мијалков и Груевски нам како граѓанско здружение не ни се случиле закани. Но закани ни се сличиле во 2018 година, ова беше многу загрижувачки. Второ кога ние помисливме дека го реформиравме судството и дека отишле тие што ја имаа “окупирано“ правната држава и дека дошле овие “ослободителите“, и продолжува истата приказна каде ние уште немаме решение на еден процес кој што ние го имаме пријавено и немаме добиено никаков одговор од истражните органи, рече Џафери.

Арианит Џафери се осврна и на проблемот со Југо хром во Тетово, при што тврди дека од одредени луѓе им било понудено четвртина милион само за да не збоуваат за фабриката, но тој не сакаше да ги именува кои се лицата кои тоа го побарле од нив.

– Почнаа со анонимни телефонскио повици со закани. Потоа дојдоа и понуди за поткуп. Земете толку пари и затворете ги устите. Лицата кои го нудеа ова беа од комбиниран состав и Македонци ии Албанци. Од истражните органи ни рекоа да зборуваме за сумата која ни беше понудена, но зборуваме за високи суми. Понудените суми стигаа до четрвртина милион, истакна Аријанит Џафери.

Новинарот го потпрашува Џафери, значи ви рекле, ви даваме четвртина милион само за да молчите? Да, ни рекоа замолчете или ќе ве замолчиме, децидно одговори тој.