петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 0
home Општини

Апел за внимателно палење оган на отворено

Апел за внимателно палење оган на отворено

Од СВР Тетово апелираат до земјоделците и лицата кои се движат низ шумските подрачја да бидат внимателни со палење оган по нивите и на отворен простор. Опасноста од пожари во овој период низ полошкиот регион, како што се наведува во апелот, е значително зголемена.

– Имајќи предвид дека огновите неретко брзо пламнуваат и шират и дека според најавите на синоптичарите, ќе следи суво и ралативно топло време, СВР Тетово апелира, пред сé до земјоделците да не палат огнови и потоа да заминат од местото. Најчести места каде се палат вакви огнови се нивите на кои веќе е собран родот и се чистат отпадоците, меѓи и стрништа, што е вообичаена земјоделска практика за овој период од годината, наведува портпаролот Марјан Јосифоски.

Од пред извесно време во Полошко можат да се забележат запалени и неизгаснати огнови, чии пламени јазици и чад се шират наоколу. Од тие причини од СВР Тетово потсетуваат дека граѓаните кои се движат низ шумите треба да бидат внимаателни, бидејќи пожар во шумско подрачје резултира со сериозни последици по животот и имотот.

Намерното предизвикување  пожар претставува кривично дело за кое, зависно од околностите и последиците, предвидена е и повеќегодишна затворска казна.

Коронавирус