недела, 5. декември 2021. Вести денес: 84
home Општини

Ангелевска: Кондовски треба да одговори дали по негов налог на просветните работници им се бараат сигурни гласачи да ги фотографираат своите ливчиња како доказ дека гласале за СДСМ?

Ангелевска: Кондовски треба да одговори дали по негов налог на просветните работници им се бараат сигурни гласачи да ги фотографираат своите ливчиња како доказ дека гласале за СДСМ?

Граѓаните интензивно јавно споделуваат за заканите, притисоците и уцените да гласаат против своја волја, да гласаат за уценувачите од СДСМ и Христо Кондовски. Пред два дена објавивме дека СДСМ под патронат на генералниот секретар Љупчо Николовски спроведува акција со кодно име „Нововработени“ во Битола, истакнува Силвана Ангелевска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Денес го прашуваме Христо Кондовски да одговори, дали по негов налог се повикани просветните работници во Битола во штабот на СДСМ? Го прашуваме Христо Кондовски да одговори дали е точно дека покрај притисокот да гласаат за него спротивно на нивната волја, им се бара да достават списоци со 15 сигурни гласачи? Христо Кондовски треба да одговори дали по негов налог на просветните работници им се бара овие сигурни гласачи да ги фотографираат своите гласачки ливчиња како доказ дека гласале за СДСМ? Мои сограѓани, Ве охрабруваме да не потпаѓате под притисоци и уцени, ние сме горд град и нема да подлегнеме врз заканите на времени директори. Секој еден директор што ќе се осмели да ги малтретира вработените ќе сноси одговорност за направеното. Докази има, а тие се нашите сограѓани кои се жртви на заканите и притисоците, тоа се учители и наставници кои јавно ќе покажат со прст кој ги понижува и ги уценува, истакна таа.

„Христо Кондовски не бира начин како да ја узурпира волјата на граѓаните, впрочем како што и сам јавно кажа Христо Кондовски не е тука за да работи за Битола, туку од неа да заработи“, порача таа.

Коронавирус