понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 55
home Општини

Андонов: Се уредува дворот на подрачното училиште „Гоце Делчев“ во село Дукатино (ФОТО)

Андонов: Се уредува дворот на подрачното училиште „Гоце Делчев“ во село Дукатино (ФОТО)

Ветеното го реализираме – се уредува дворот на училиштето во с. Дукатино.

Во подрачното училиште „Гоце Делчев“ во с. Дукатино во тек се активности за уредување на училишниот двор со бекатон плочки. Плочките се поставуваат околу училишната зграда на предниот, влезен дел од објектот со што влезната партија добива сосема нов лик и дополнително придонесува за подобрување на хигиената во и околу
училиштето.

Деновите додека учениците се на зимски распуст училиштето ги користи за реализација на оваа активност, која е планирана токму за овој период кога учениците не се на настава, со цел градежната активност да се одвива непречено и без да има негативно влијание врз нормалното одвивање на наставниот процес, пишува на Фејссбук Славе Андонов – Градоначалник на Општина Василево.

Коронавирус