четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 109
home Општини

Амбасадорот на Полска во посета на општина Битола

Амбасадорот на Полска во посета на општина Битола

Амбасадорот на Република Полска, Војциех Тицињски, денес ја посети Општина Битола, каде имаше средба со градоначалникот Тони Коњановски. На средбата градоначалникот Коњановски, го запозна амбасадорот со планираните проекти и визијата за развој на општината која е насочена кон создавање на подобри услови за граѓаните и напредок на општината, како и со предизвиците кои локалната самоуправа успешно ги надминува.

Градоначалникот Коњановски, информираше и за условите кои ги нуди Индустриската зона „Жабени“, како можност за економска соработка со Полска и потенцијални инвестиции во зоната од оваа земја.

Амбасадорот Тицињски, истакна дека во следниот период очекува зајакнување на соработката помеѓу двете држави, како на централно така и на локално ниво. Тој информираше дека, Националниот фонд на Полска ќе овозможи финансиска поддршка на проекти во Република Македонија, во областа на животната средина и влијанието на климатските промени.

Инвестициите во образованието, развојот и промоцијата на туризмот, спортската инфраструктура и културата, се исто така области за кои амбасадата на Полска, понуди можност за соработка со општина Битола, преку искористување на средства од повиците за мали грантови на амбасадата. Амбасадорот информираше и за добрите студиски програми и можностите за стипендирање на студенти кои ги нуди Полска, а нагласи и дека во иднина ќе биде разгледана можноста и за збратимување на Битола со град од Полска.

Коронавирус