среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Општини

Алијанса за Албанците: ДУИ ветува, а не реализира – Тетово сè уште без вода за пиење

Алијанса за Албанците: ДУИ ветува, а не реализира – Тетово сè уште без вода за пиење

ДУИ не ја сфаќа суштината на одговорноста за да бидат способни да разберат дека и покрај сите овие неуспеси, нема лице за давање отчет пред граѓаните, реагираат од Алијанса за Албанците.

-Како мислат да дадат отчет пред граѓаните кога по сите овие години власт сè уште не обезбедија вода за пиење за сите? Над 70% од тетовските села кои немаат вода за пиење е многу висок процент, за што треба да се преземат мерки. Занемарувањето на овој проблем од страна на централната и од локалната власт може да доведе до ширење на епидемиски заболувања, се наведува во нивното соопштение.

Алијанса за Албанците ги повикува надлежните органи итно да дејствуваат со дезинфекција и одржување на водоводните објекти.

-Потсетуваме дека снабдувањето со вода за пиење беше ветување на ДУИ во платформата 2016-2020, додека од друга страна потсетуваме дека Тетово и нејзината околина со години се соочуваат со овој проблем и заради недостаток на вода граѓаните се принудени да користат купена вода, порачуваат од партијата.