среда, 28. септември 2022. Вести денес: 116
home Општини

Алијанса за Албанците денеска ќе протестира пред општина Гостивар

Алијанса за Албанците денеска ќе протестира пред општина Гостивар

Со слоганот „Стоп за политизирање на образованието“, Алијанса за Албанците- Гостивар, денеска од 12:00 часот, ќе одржи протести пред општинската зграда во Гостивар, пренесува порталот на албански јазик Фол.

Централната власт ги презеде овластувањата на градоначалникот Арбен Таравар во областа на образованието, без можност да именува и разрешува директори.

Оваа власт, започна да именува директори во училиштата во Гостивар според нивната партиска стратегија.

Aлијанса за Албанците бара политиката да се држат настрана од образованието.

Коронавирус