понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 153
home Општини

АЛАРМОТ Е ВКЛУЧЕН: Три лица од Велес починаа од коронавирус за еден ден

АЛАРМОТ Е ВКЛУЧЕН: Три лица од Велес починаа од коронавирус за еден ден

Сериозна е состојбата во велешката болница, каде што доаѓаат пациенти со тешки симптоми, а капацитетот се исполнува. Се размислува Физикалното одделение да се пренамени за пациенти со ковид-19, вели Аце Коцевски.

Епидемиолошката состојбата во Велес и околината е алармантна, а вирусот ковид-19 е широко распространет. Голем е бројот на заразени кои не можат да кажат каде се инфицирале, изјави денеска велешкиот градоначалник Аце Коцевски, по седница на општинскиот кризен штаб.

Како што појасни Коцевски, некои изјавиле дека се заразиле додека патувале до работното место, а други на работното место.

До 10:30 часот утрово во Велес се потврдени осум нови случаи, а тројца се оздравени. Но посебно алармантно е тоа што за едно деноноќие има три смртни случаи од ковид-19. Се размислува Физикалното одделени во болницата во Велес е да се пренамени во ковид-центар, пренесе 360 степени.

„Во текот на изминатото деноноќие, како последица од ковид-19, во Општата болница – Велес починаа тројца пациенти, двајца од Велес и еден од Свети Николе. Сериозна е состојбата во Велешката болница, каде што доаѓаат пациенти со тешки симптоми, а капацитетот се исполнува. Се размислува Физикалното одделение да се пренамени за пациенти со ковид-19“, потенцира Коцевски.

На Инфективното одделение во болницата во Велес хоспитализирани се 35 пациенти, од кои 33 се потврдени позитивни случаи на ковид-19, двајца се негативни, ама имаат потешка клиничка слика. Од нив, 24 се од Велес, шест од Свети Николе, двајца од Градско, двајца од Демир Капија и еден од Неготино.

Позитивни на вирусот се и три медицински сестри од Инфективното одделение, еден вработен во анестезиолошката служба и еден работник во Општата болница – Велес.

Коцевски апелира до сограѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од ширење на ковид-19.

Во Велес вкупниот број на заболени од Ковид-19 изнесува 446, од кои 322 се оздравени и 20 починати. Во моментот, 106 лица се водат како активни случаи, од кои 79 се на домашно лекување, 24 се хоспитализирани на Инфективното одделение, двајца се лекуваат во Инфективната клиника во Скопје, двајца во Градската општа болница во Скопје, еден на Клиниката за ОРЛ и тројца во приватни клиники во Скопје.

Коронавирус