вторник, 6. јуни 2023. Вести денес: 152
home Општини

Акција за озеленување на јавни површини во Кавадарци

Акција за озеленување на јавни површини во Кавадарци

Во акција за озеленување на јавните површини  во Кавадарци, се озеленуваат две големи локации од околу пет и четири илјади квадратни метри.

Директорот на кавадаречкото Јавно претпријатие „Комуналец”, Ѓорѓи Поп Ицов информираше за МИА дека целта е преку дополнителното зеленило во градот, да се влијае естетски и хортикултурно, но и еколошки.

– Во моментов активно се работи на терен на улицата „Страшо Пинџур”, позади таканаречените „Силекс” згради. Активности се изведуваат и во новиот центар на Кавадарци, позади зградите викани “лепотици”. Се посадуваат трева и садници од декоративни високорастечки дрвца, појасни Поп Ицов.

Нагласи дека акцијата за озеленување на градот ќе продолжи и на други локации.

МИА

Најнови вести