петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Општини

Аџиоски: Лажното ветување на СДСМ и министерот за здравство, Венко Филипче дека ќе изградат нова Општа болница во Струга, се изгуби меѓу илјадниците лаги

Аџиоски: Лажното ветување на СДСМ и министерот за здравство, Венко Филипче дека ќе изградат нова Општа болница во Струга, се изгуби меѓу илјадниците лаги

По кој знае кој пат, стружани повторно излажани и изманипулирани од владата на СДСМ!

Имено, лажното ветување на СДСМ и министерот за здравство, Венко Филипче дека ќе изградат нова Општа болница во Струга, се изгуби меѓу илјадниците лаги!

Министре Венко Филипче, нели до сега требаше да биде почната изградбата на новата болница!?
А сега викате, дека отсега ќе се проектира?

Па, кого го манипулирате Вие, оние најранливите, пациентите на кои секојдневно им треба нега, а не мизерни услови или докторите на кои, ниту им ги зголемивте платите, ниту им овозможивте подобри услови за работа!

Почитувани,
замислете, им беа потребни 3 години за да ни кажат дека дури оваа година ќе почнеле со проектирање, а веројатно цела вечност за да почнат со изградба!

Ова е толку нечовечки и безобразно, толку ниско и бедно, што навистина е доказ дека станува збор за неспособна влада и неспособен министер кој не знае да менаџира со сопствениот ресор!

А да не зборуваме за помали работи, како сервисирање на расипаните апарати низ болницата кои со месеци не се поправаат, а пациентите се препраќаат во други болници, во соседните градови или во приватни здравствени установи!

Толку од вашата грижа за секој еден граѓанин на Република Македонија! На јавноста многу добро и се познати вашите ,,ветувања”.

И за крај, искрено се надеваме дека нема крајната цел да ви биде, местото на болницата да го претворите во бизнис центар со станбен комплекс,како што се сомнева струшката јавност!

Затоа, на 12 Април ќе им дојде крајот на овие неправди и безброј бизнис зделки на грбот на Струга и стружани!

Доста е веќе од безидејни политичари кои мислат само на сопствениот џеб и на удобните фотелји!

Следува обнова со нови луѓе, на кои приоритет ќе им бидат проблемите на граѓаните, следува обнова која на Струга и стружани ќе им донесе подобро утре и подобри услови за живот!

Прес-конференција на Мирче Аџиоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Струга