четврток, 26. мај 2022. Вести денес: 4
home Општини

90 санкционирани мотоциклисти на територија на СВР Битола

90 санкционирани мотоциклисти на територија на СВР Битола

На 13.05.2022 во периодот од 18:00 до 23:00 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа акциска контрола за прекршоци кои ги прават возачите на мотоцикли на територија на СВР Битола. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се 90 прекршоци, од кои 50 на територија на Прилеп и 40 на територија на Битола.

Исто така, во периодот од 23.00 до 02.00 часот, на подрачјето на Битола била  спроведена акциска контрола за управување возило под дејство на алкохол. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се 5 прекршоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од МВР.

Коронавирус