петок, 5. август 2022. Вести денес: 201
home Општини

78 санкции за брзо возење на територија на СВР Куманово 

78 санкции за брзо возење на територија на СВР Куманово 

Денеска (05.08.2022) на територијата на СВР Куманово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 78 возачи.

Од нив 67 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 11 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од МВР.

Коронавирус