сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 22
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Општини

58-годишен маж е првиот жител на Ранковце кој има коронавирус

58-годишен маж е првиот жител на Ранковце кој има коронавирус

Во текот на изминатото деноноќие е регистриран и првиот случај на лице заболено од Ковид-19 во општина Ранковце.

Станува збор за машко лице на возраст од 58 години од општина Ранковце, со место на живеење во селото Петралица, потврдуваат од Хигиено-епидимиолошката служба, Подрачна единица на Центарот за јавно здравје, Крива Паланка.

Од општина Крива Паланка досега официјално се потврдени две лица кај кои е утврден вирусот Ковид-19, а двата случаи се лица кои престојувале во Државниот завод за рехабилитација, Козле, во Скопје.

Кај едното лице, прв случај на Ковид-19 во Крива Паланка вирусот бил потврден за време на неговиот престој во „Козле“, по што е префрлен на Инфективната клиника, додека другото лице е тестирано и пуштено во домашна изолација, а резултатите покажале дека е позитивен.

Ова лице се наоѓа во домашна самоизолација, во Крива Паланка. (МИА)

Коронавирус