среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 163
home Општини

41 санкција за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

41 санкција за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

Во текот на вчерашниот ден (20.08.2021) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 41 возило. Од нив, шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Најнови вести

Локални избори 2021