понеделник, 16. декември 2019. Вести денес: 49
home Општини

18 НВО тврдат: Во Баку презентиран еден, а во Собранието е друг нацрт-закон за Заштита на културното наследство во Охрид

18 НВО тврдат: Во Баку презентиран еден, а во Собранието е друг нацрт-закон за Заштита на културното наследство во Охрид

Пред претставниците на УНЕСКО во Баку презентиран еден, а во Собранието се разгледува друг нацрт-закон за Заштита на културното наследство во Охрид.

Осумнаесет невладини организации се кренаа на нозе поради, како што тврдат, вметнувањето нови членови кои се косат со борбата за заштита на нашиот туристички бисер, јави телевизијата Канал 5.

Тие ги критикуваат измените со кои се предвидува Советот за Охридскиот регион да ги гласа сите препораки со Бадентерово мнозинство. Сметаат дека ова ќе им го отвори патот на политичките субјекти директно да влијаат на сите одлуки на Советот. Бараат од Министерството за култура нацрт-законот веднаш да се повлече бидејќи текстот не соодветствува со оној за кој последно се одржал јавна расправа.

Министерот без ресор, Едмонд Адеми. кој ја предводеше владината делегација во Баку децидно ги негира обвинувањата и вели дека е презентирана последната верзија која во април била усвоена на владина седница.