петок, 7. мај 2021. Вести денес: 164
home Општини

134 казни за брзо возење на територија на СВР Тетово

134 казни за брзо возење на територија на СВР Тетово

Полициски службеници од СВР Тетово денеска спроведоа зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 134 возачи.

Од нив дури 26 се движеле со над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, а 119 со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информира МВР.

Коронавирус