вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Општини

10 локации во Кавадарци кои ќе прераснат во зелени површини

10 локации во Кавадарци кои ќе прераснат во зелени површини

Денес Градоначалникот Митко Јанчев одржа состанок со Мој општинар и ЈП Комуналец за креирање на планот и динамиката за подигање на нови зелени површини. Беа одредени повеќе локации во градот кои треба да бидат завршени во тековната година. Локации на кои што ќе се изврши хортикултурно уредување се:
✔ул.Илинденска
✔кејот во Ваташа
✔Булевар Цветан Димов
✔ул.Блажо Алексов
✔Западен Булевар кај СЦ Јасмин
✔градинката кај ООУ Гоце Делчев
✔ул.Ѓоре Брушански
✔ул.Слога
✔ул.Калница
✔паркче во населба Страшо Пинџур

📍Ќе се изврши и мапирање на дрва кои треба да бидат кастрени и ќе се одредат локации за нови насади.

📍Општина Кавадарци е и во завршна фаза со подготовките за реализација на зелен катастар и е во разговори со ЗШУЦ Ѓорче Петров за отпочнување на соработка за подигање на нови зелени површини и стручна помош.