Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди донација за Здружението ДОБРОВОЛНО ПРОТИВПОЖАРНО ДРУШТВО Кочани.
Во духот на општествената одговорност и солидарност, Видеолотарија Касинос Австрија уште еднаш обезбеди донација за Здружението Доброволно противпожарно друштво Кочани. Средствата од донацијата во оваа прилика, освен што се значајна поддршка на здружението, ќе придонесат и за надградување и доопремување на претходно набавеното возило со сите неопходните ресурси за гасење пожар.
-Би сакале да упатиме искрени желби за закрепнување на повредените лица од трагедијата во Кочани, кои се лекуваат во земјава и во странство. Во оваа прилика изразуваме и силна благодарност до сите здравствени професионалци и волонтери од земјава и надвор од неа, кои несебично ги ставија на располагање своите ресурси и знаења за спасување и закрепнување на жртвите, велат од Видеолотарија Касинос Австрија.