четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 5
home Македонија

Зошто треба да им простите на оние кои највеќе ве повредиле?

Зошто треба да им простите на оние кои највеќе ве повредиле?

Простете им и на оние кои највеќе ве повредиле. Тоа не е лесно, но може да биде најдобрата работа која ви се случила.

Ако навистина се потрудите, нема да имате изговори за да не им простите. A има многу причини за тоа, еве само дел од нив.

Простувањето прави да бидеме одговорни за сопствената среќа

Поголемиот дел од работите кои ги привлекуваме во нашите животи се само одраз на она што веќе се наоѓа во нас. Нашите мисли и дела го создаваат нашиот надворешен свет. Законот на привлечноста нѐ учи дека сличностите се привлекуваат и дека никогаш нема да доживееме среќен крај со несреќно патување. Кога се држиме за бесот и огорчувањето, однапред го исполнуваме нашето патување со лутина и бес. Начинот на кој ги чувствуваме чувствата кои ги имаме во себе е тоа што го користиме за создавање.

Простувањето овозможува да ги гледаме сите настани во нашиот живот како лекции

Кога еднаш ќе ја научите лекцијата од негативните луѓе во вашиот живот, ќе престанете да привлекувате исти ситуации и идни односи кои ја носат истата лекција.

Простувањето ни помага да престанеме да глумиме жртви

Менувањето на перспективата при простувањето и благодарноста, не ви дозволува повеќе да глумите жртви. Во поголемиот дел од времето вие не сте жртва на ништо друго освен на сопствената вибрација и нивото на енергија. Сѐ додека продолжувате да обвинувате други луѓе, автоматски ја предавате контролата врз вашиот живот на некој друг и на тој начин доживотно правите жртва од самите себе.

Повеќето луѓе даваат сѐ од себе

Имајте сочувство за тоа каде се луѓето во своите животи. Тоа не мора да биде на истото место каде што сте вие, но повеќето луѓе даваат сѐ од себе во зависност од своето ниво на свест и разбирање.

Што си надробил, тоа ќе си сркаш

Сите сме луѓе и сите ние некогаш сме повредиле некого и сите копнееме по нечија прошка. Кога другите луѓе ќе ги ослободиме од казната за нивната постапка, создаваме простор во кој и нашите непромислени постапки можат да добијат прошка.

Простувањето нѐ учи имаме реални очекувања

Никогаш не треба да очекуваме ништо од никого.  Ние самите си го создаваме животот и својата судбина. Убаво е да имаме луѓе во животот, но простувањето нѐ учи дека не ни се потребни за да се движиме напред во животот.

Простувањето е најдобрата одмазда

Најдобрата одмазда е да продолжите со животот и да создадете подобра иднина за себе. Ништо не го нервира противникот толку многу како насмевката на вашето лице.

Простете, дури и кога не ви бараат прошка.