понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Македонија

Значат љубов: 10 имиња за девојчиња и момчиња

Значат љубов: 10 имиња за девојчиња и момчиња

Многу родители на своите деца сакаат да им дадат име кое ќе ја симболизира сета љубов која ја чувствуваат кон него. Дали има подобар избор од името кое значи љубов?

Ова се десет имиња за момчиња и девојчиња кои се синоними за најубавото чувството на светот- љубов.

1.Мина е име од германско потекло и едно од најпопуларните женски имиња кое значи љубов.

2. Љубица е име со старословенско потекло. Се претпоставува дека настанало од глаголот љуби.

3. Аманда е име кое значи „таа што е вредна да биде љубена“. Стручните лица тврдат дека името го измислил британскиот драматург Коли Кибер во 17. век.

4. Милена е име од чешко потекло, а значи љубов, женственост и топлина.

5. Вида е женствено име кое значи „нежно сакана“.

6. Карис е велшско име кое значи „љубов“.

7. Ленан не е вариција на Ленон. Станува збор за ирско име кое значи „љубовник“.

8. Дарел значи „сакан“.

9. Дејвис, однсно еврејската варијанта Давид значи „сакан“.

10. Амор е синоним за љубов и романтика.