четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 218
Во живо

Мицкоски на средби со граѓаните во Тетово

home Македонија

Живковски: Темелковски најави целосна санација на патека во Кисела Вода, а еве на прагот на летото како изгледа истата!

Живковски: Темелковски најави целосна санација на патека во Кисела Вода, а еве на прагот на летото како изгледа истата!

Уште една лага на Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски!! Имено, во месец декември 2019 година, Темелковски спектакуларно најави целосна санација на трим патеката во Кисела Вода, со обврска дека истата ќе биде завршена оваа пролет, како и дека дополнително ќе бидат поставени реквизити и друга урбана опрема. Иако сме речиси на прагот на почетокот на летото, за жал од градежните зафати нема ни трага ни глас, а фотографиите подолу даваат јасна слика како изгледа деновиве патеката, пишува на својот Фејсбук профил Иван Живковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку трим патеката е изградена во 2007 година, истата е во вкупна должина од 2.200м2 и се протега од познатото стадионче “Вембли” а завршува во Урбаната Заедница 11 Октомври (бараки), кај булеварот Србија. Оваа трим патека претставува единствена патека од ваков тип во Општината, а за спорт и рекреација ја користат речиси една третина од граѓаните на Кисела Вода, особено жителите на Урбаните Заедници Цветан Димов, 11 Октомври – згради и 11 Октомври – бараки. Во време на постоење на вирусот Ковид – 19 спортувањето на отворено е единствениот начин за одржувањето на здравиот дух на жителите на Кисела Вода, но за жал поради катастрофалната локална власт и тоа право им е ограничено на граѓаните. Филип Темелковски јавно те повикувам, конечно излези од три годишниот карантин и направи бар нешто добро за граѓаните на Кисела Вода!, вели во својата објава Живковски.

Парламентарни избори 2020