недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 32
home Македонија

Заменик министерот за здравство, Асим Муса вклучен во корупциски скандал

Заменик министерот за здравство, Асим Муса вклучен во корупциски скандал

Заменик-министерот за здравство Асим Муса е вмешан во корупциски скандал при што и е фатен на дело. Муса беше фатен од екипата на најпознатото албанско истражно шоу, Фикс Фаре, додека шоуто ќе се емитува вечерва во 20:10 часот на Top Channel.

Како што дознава in7, заменик министерот Муса се пазарел со пациент од Албанија за да се изврши операција во една од болниците во Струга.

За оваа работа, Муса побарал 1000 евра, додека однапред земал 50 евра. Во најавата на емисијата се вели дека заменик министерот меѓу другото правел и сунети и дека тоа го правел за бакшиши.